
Комбинирано од вечерва па се до недела ќе се одиграат натпреварите од првото коло во Првата Футсал лига на Македонија. Годинава Футсал завесата ќе биде подигната по подолго време без штипски екипи бидејќи Астибо и Мал Ајакс не успеаја да се спасат и се преселија во втората лига која пак година ќе има и трет штипски второлигаш – Кардашлк. Во оваа сезона обете лиги и Првата и Втората лига ќе ја сочинуваат по 10 екипи. Еве ги комплетните двојки за ова прво коло во Првата лига :
- Шкендија – Арбен Џафери
- Црна Река – Енхалон
- Карадаку – Велес
- Јувентус Серава – Шкупи
- Железарец – Проект
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk