
Ако за населбата „Три чешми“ се ветија услови за квалитетен живот за сите генерации, населба „Осми ноември“ да биде светла точка во централнот градско подрачје во Штип, водовод и канализација како и осветлување за „Блаканска“, посебно место во изборната кампања на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов имаат населбите „Железничка“ и „Пребег“. Низа проекти за подобрување на живот и на овдешните жители ветија ЈОрданов и кандидатот за советник Атанас Крстовски.
„Населбите Железничка и Пребег имаат посебно место во нашата изборна програма. Во горна Железничка предвидуваме нова водоводна линија, а во Пребег детско игралиште со парк и простор за урбана заедница. Помеѓу овие две населби предвидуваме изградба на детска градинка како и изградба на канализациона мрежа во населба Железничка“
Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва продолжува на средба со граѓаните во населба Железничка.
Лаура Стојанова М-Нет