
Предвидените протести на оризопроизводителите од кочанско од вторник ќе се реалзираат. Со почеток од 9:30 часот оризарите ќе го блокираат патниот правец Кочани Штип, бидејќи како што истакнаа од договорот со Владата нема ништо, ветните 25 денари за килограм оризова арпа не им се дадени, а веќе започна новата жетва,
„Во 9:30 во вторник ќе се одржи протестот со цел што е договорено да се исполни. Беше договорено откупот 25 денари, за жал и од Премиерот и од Министерот бевме излажани. Ние не произведуваме марихуана, ние произведуваме храна“ – истакна Арсов
Дождовите и влагата дополнително ја намалуваат цената на оризот која и онака не достигнува повеќе од 18 денари моментално. Произведувачите на белото злато велат со таа цена не се задоволуваат ниту основните услови за живот. Предвидувањата се дека доколку не се најде решение оризот нема да се жнее, а до година половина од полето ќе остане празно, бидејќи цената се качи на сите производи само на оризот не.
„Имам шест хектари, три се мои, три ги работам под наем. на оваа цена не можеме да опстанеме. Ожнеав околу хектар ипол, одам нудам од 17 денари никој не ми даде повеќе, а влагата е од 15 – 17% и автоматски ми излегува 16 денари за килограм арпа“
Според проценката на земјоделците 30 % од ланската реколата стои не откупен оризот, а со ваквата ниска цена и не исполнети барања младите земојделци се повеќе ја напуштаат државата, со што за неколку години 90 па можеби и 100% од нивите ќе останат не обработени.
Лаура Стојанова М-Нет