
Согласно здравствените протоколи Џудо клубот „Гладијатор“ во Кочани во салата на ООУ „Малина Поп Иванова“ одржа полагање за добивање на појаси на кое беа пријавени 25 натпреварувачи – членови на клубот. Согласно пропозициите полагањето се одвиваше под будното око на комисијата во состав : Драган Шеќеровски (3 ДАН), Киро Здравевски (1 ДАН – претседател и селектор на Ветераните) и Вера Шеќеровска (1 ДАН КYU a присутен беше и претседателот на ДАН комисијата Ѓуро Илиќ – 6 ДАН. За да се биде во ред со здравствените протоколи во текот на полагањето се погрижи лекарската комисија предводена од Едита Минова. Полагањето мина мошне успешно при што сите 25натпреварувачи се стекнаа со појаси 2 KYU син појас и 8 KYU бело жолт појас и сите тие ги добија заслужените дипломи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk