
Две починати лица регистрирани во последната статистика на штипската болница. Едното на 69 годишна возраст од Штип и другото на 43 годишна возраст од Кочани. Испишани се 3 пациента, но има 7 нови приеми. Вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 40, а направени се 50 амбулантски прегледи. 31 пациент од хоспитализираните е во модуларната ковид – болница, 4 на Кожното одделение и 5 доаѓаат во дневната болница. На кислородна поддршка се 26 пациенти, а вакцинирани се 13. Во модуларната ковид – болница има 15 слободни места, а на Кожното одделение – 6, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница, пак, ситуацијата е скоро идентична како и во текот на вчерашниот ден. Со тоа што, денес има 1 испишан пациент, па хоспитализирани се вкупно 10 пациенти. Од нив, 6 се на кислородна поддршка, а исто толку се и хоспитализирани. Нема починати лица, ниту нови приеми. Слободни се 17 ковид – кревети, информираат од болницата.
На територија на цела држава во последните 24 часа регистрирани се 399 нови случаи на Ковид – 19 од направени 3.337 тестирања. Во источниот регион, најмногу се во Кочани – 14, а најмалку во Пехчево и Берово – по еден.
Бројот на регистрирани оздравени лица е за скоро 4 пати поголем од новопотврдените случаи. Оздравени се 1.348 пациенти. Од Истокот, најмногу се во Штип – 16, а најмалку во Македонска Каменица – еден.
Починати се 17 лица, од кои едно во домашни услови, а останатите во болнички услови.
Бројот на активни случаи е намален и изнесува 10.816.
Ребека Спасова МНет