Населба „Осми ноевмри“ ќе биде најсветла точка во Штип ветуваат од ВМРО ДПМНЕ

Населба Осми ноември да биде најсветла точка во Општина Штип е визијата на ВМРО ДПМНЕ. Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов заедно со кандидатите за советници Бети Тасевска и Владко Захариев ветија продолжување на печката патека, како и катче за децата.

„Ќе ја оплемениме пешачката патека и ќе ја продолжиме до Караорман и Чардаклија. Во паркот и помѓу зградите во Осми ноевмри ќе ги подобриме условите за спорт и рекреација. Нашата визија е населбата „Осми ноември“ да стане најсветла точка во нашиот град. Утврдивме дека на Штип му фали катче, центар за деца каде децата ќе можат слободно да играат и уживаат. Затоа покрај Брегалиница ќе изградиме детски центар со плоштад со детски и спортски игралишта. Поставивме високи цели, но мораме заеднички да изградиме нова иднина за Штип“

Караванот на ВМРО ДПМНЕ вечерва продолжува на средба со граѓаните во паркот во населба Осми ноември.

Лаура Стојанова М-Нет