
Жителите да не газат во кал, децата да имаат интересни содржини, а местото да добие подобра слика се плановите на ВМРО ДПМНЕ за населбата Автокоманда. Кандидатот за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, и кандидатите за советници, Весна Ушинова и Владко Захариев, посочија на недостатоците за кои тие предвидуваат решенија.
„Граѓаните на Автокоманда се излажани и изманипулирани. Цела година останаа во кал, очај и неверување. Затоа оваа слика мораме да ја промениме! Ќе ги подобриме условите во СРЦ „Автокоманда“, а помеѓу зградите во населбата и на ул. „Пиринска“ ќе направиме интересни детски содржини, нови паркови и паркинг места. Вие граѓаните ни давате инспирација за проектите и заедно да ја усовршуваме и доградуваме нашата визија за нова иднина за Штип. Се обврзуваме да го продолжиме булеварот „Партизанска“, како најважен проект на овој дел од градот. Но исто така, наша обврска е да ги асфалтираме и реконструираме улиците: „Браќа Даневи“, „Солидарност“, „4-ти Јули“, „Астибо“, „Пиринска“, „Добре Радосављев“, „Широк дол“, „Цвета Јованова“ и други руинирани улици“, истакнаа тие.
Составот на ВМРО ДПМНЕ потенцираше дека создавањето нова иднина е во рацете на граѓаните, па тргнувајќи од таму ја побара поддршката за 17 октомври. Караванот продолжува вечерва на средба со жителите од населбата Автокоманда.
Ребека Спасова МНет