
Терминот за средба на кандидатот за градоначалник на о. Штип од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, и членовите на советничката листа со граѓаните оваа вечер резервиран за жителите на населба Сењак. Кандидатката за советник на општина Штип, Христина Серафимовска, на своите сограѓани од населбата им ги посочи проектите и решенијата за приоритетите кои тие како состав ги нудат.
„Како што може да забележите, од ден во ден сè повеќе наши сограѓани го препознаваат чесниот и искрен пристап, чесниот пристап за да направиме нешто добро за нашата општина. Токму затоа сме овде вечерва со жителите од населба Сењак. Да поразговараме со нашите сограѓани, да ги презентираме проектите коишто се наменети за населба Сењак“, истакна Јорданов.
„Сакам да нагласам од колкаво значење за нас како партија е вечерашниов настан. Се наоѓаме во една од најгусто населените населби во градот и ќе се вложиме максимално нашите уверувања, ставови, проекти и пораки да допрат на вистински начин до секој еден поединец или гласач, сè со цел на крајот да го направат вистинскиот избор“, додаде Серафимовска.
Јорданов додаде дека нивната понуда ќе го подобри начинот на функционирање и животот на жителите од оваа населба.
Ребека Спасова МНет