
Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот, со ова денеска кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, доктор Сашко Николов ја продолжува изборната кампања. Тој истакна дека во Штип ќе се обезбеди и подобар развој и подобар живот со изградба на обиколницата Запад.
„ Штип е град каде се вкрстуваат и се одделуваат патните правци од Скопје, Велес, Куманово кон Радовиш, Кочани, Струмица. Комплетирањето систем сообраќајници кои сообраќајот ќе го пренасочат надвор од централното градско подрачје овозможува нормализирање на протокот на возила и намалување на аеро загадувањето во нашиот град. Со овој проект се врши пренасочување на возилата и со изградба на сообраќајница на кружниот тек на булеварот Гоце Делчев преку улицата „Вељко Влаховиќ„ во урбаната заедница Пребег и према местот викано Крстот да се излезе на мостот на Брегалница и кај бања Кежовица“ – кажа Николов.
Со ова се ќе се намали сообраќајниот метеж и застојот на сообраќајот низ централното градско подрачје, а ќе се подобри квалитото на живот на штипјани, додаде Николов.
Лаура Стојанова М-Нет