
Нов гол за озвојување на големи три бода за својата екипа МТК од Будимпешта постигна штипјанецот Бојан Миовски во денешното 7 коло во Првата OTP BANK лига на Унгарија. На натпреварот МТК – Мезоковезд новопечениот македонски репрезентативец ги дигна на нозе домашните симпатизери прославувајќи го победоносниот гол во последната 90 минута од натпреварот. Во вечерашниот разговор Бојан Миовски нагласи дека ова е негов четврти гол во првите 7 кола на унгарскиот шампионат при што има и една асистенција. Воедно Бојан Миовски има постигнато и два гола и има една асистенција во единствениот меч од Куп – натпреварите на Унгарија. Засега по 7 кола водечки тим на табелата е тимот на Кисварда со 15 освоени бодови а МТК е на делба на 4 место со уште четири екипи со по 10 освоени бодови. Во следното 8 коло тимот на МТК ќе гостува на екипата на Залаегерсзег и тоа во недела на 3 октомври, потоа следуваат уште два тешки меча протов славните екипи на Пушкаш Академија и на Ференцварош.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk