
Фудбалерите на Брегалница денес на „градски“ во Штип ја постигнаа и втората прволигашка побeда. Противник им беше тимот на Тиквеш од Кавадарци која денес за последен пат го предводеше Димитар Маџунаров а од следниот меч на негово место доаѓа Влатко Костов. Во првото полувреме играчите на двете екипи се надигруваа на средината на теренот, но без посериозни закани по голот на Денковски и Димовски и со резултат 0:0 се отиде на одмор. Во вториот дел рано уште во 49 м. Брегалница дојде во водство од 1:0 со голот што го постигна Марјан Алтипармаковски по корнерот што го изведе Дарко Додев. Очигледна беше иницијативата на Брегалница во продолжението откако од 0:2 во корнери во првиот дел, односот на корнери се промени во корист на Брегалница од 6:3. Во 68 м. Брегалница го постигна вториот гол за конечен резултат од 2:0 а стрелец беше Дарко Додев во 68 м. Еве ги комплетните резултати од ова 7 коло:
1.Брегалница – Тиквеш 2:0
2. Скопје – Шкендија
3. Македонија ЃП – Работнички 0:2
4. Пелистер – А. Пандев 0:0
5. Ренова – Струга ТЛ 1:0
6. Шкупи – Борец 3:0
Табела
1.Шкупи 14
2. А. Пандев 14
3. Ренова 14
4. Работнички 14
5. Струга ТЛ 12
6. Шкендија 10
7. Брегалница 10
8. Македонија ЃП 9
9. Борец 7
10. Скопје 5
11. Пелистер 2
12. Тиквеш 2
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk