
Годинава се слави јубилеј 30 години од традиционалната моторџиска манифестација „Независност – 2021“во која сите оние искрени љубители на овој спорт крстосуваат и ги овековечуваат убавините на Македонија. Ова манифестација е можност за сите оние кои со години го милуваат овој вид на рекреација, спорт, хоби а на некој и живот им значи, да се соберат на едно место и заеднички да ја искажат сета своја љубов кон татковината, кон денот на Независноста 8 септември. Караванот од мотори традиционално тргнува од плоштадот во Скопје следен од будното око на многу искрени симпатизери кои не трудат ниту средства, ниту време да го проследат и да го овековечат овој настан. Скоро сите градови во Македонија така и нашиот Штип има свое моторџиско друштво кое е еден вид атракција било тоа кога или каде и да се појават. Сите тие се приклучуваат на овој караван и во текот на три дневното крстосување предизвикуваат восхит, интерес и огромно задоволство кон оваа несекојдневна, богата со најразновидни видови модерни, и особено со одлично зачувани и негувани ретро мотори, но и мошне атрактивна глетка по друмовите ширум Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk