Претставата „Животот е прекрасен“ наскоро и пред публиката во Штип

Претставата „Животот е прекрасен“ наскоро и пред публиката во Штип. Денеска на прес конференција директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип, Горан Трајков истакна дека претставата ќе се работи во наредниот период, а истовремено се потпиша и меморандум за соработка со здружението на граѓани Либертас.

Оваа соработка трае од претходно, а за штипјани ќе се обезбеди следење на монодрамата бесплатно со единствен услов да се поседува сертификат за примена барем една доза вакцина.

Претставата „Животот е прекрасен е траги комедија која се случува во реално време и трае 90 минути исполнети со секави најразлични настани и случувања.

„Претставата е „Животот е прекрасен“ според текст на Џо Лендри кој што е повеќе од 80 години стар, но е многу актуелен и многу забавен. 90 минути трае претставата, 90 минути се случуваат на сцена. Тоа е многу симпатична комедија на ситуации со драмски елементи каде што човек кој што должи многу пари има час и половина да ги врати парите и решава да си го одземе живтот, но се случуваат еден тон работи“ – истакна Горан Трифуновски, режисер

Трајков исто така истакан дека за најмладите се отвараат драмското и ликовното студио, литературниот клуб, културно уметничкото друштво и хорското пеење, и уписите ќе траат до 31 септември.

Лаура Стојанова М-Нет