По дводневната фама на социјалните мрежи во врска со отказното решение на Владимир Тулиев, одговор денес даде и директорот на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип. Тој рече дека како директор на една таква установа практикува проблемите да ги решаваат заеднички во рамки на институцијата. Врз она што луѓето го пишуваат по социјалните мрежи рече дека нема контрола, но тој како директор нема право да остава такви коментари.
Тој рече дека поради изборите се сопрени сите дисциплински постапки согласно Изборниот законик. Процесот на Владимир Тулиев бил ставен во мирување и тој рече дека сега не може да даде други информации за ситуацијата. Меѓутоа, директорот вели дека Тулиев е сè уште вработен и има добиено решение за одмор.
Трајков рече дека тој не ги носи конечните решенија, а кога ќе биде дадено конечно решение во врска со случајов тие ќе ја известат јавноста. На прашањето за причината за отказното решение, директорот рече дека ова е сè што има да каже.
Ребека Спасова МНет
