
Првото коло во европските натпревари е веќе зад нас и можеме мирно и на раат да ги споделеме првичните впечатоци за учинокот на македонските екипи. Во целина фудбалска Македонија може да биде задоволна од нивните настапи во кои се забележа една победа, два нерешени резултати и беше доживеан еден пораз. А поразот го доживеа нашиот шампион Шкендија и тоа на домашен терен, загуби од Мура (Словенија) со резултат 0:1 (0:1) со голот што го постигна Бобичанец во 28 минута. Шкендија испушти шанса да израмни откако Ибраими промаши пенал во 45 минута.
Тимот на Силекс на домашен терен успеа да откине бод на фаворизираниот молдавски тим Петрокуб играјќи нерешено 1:1 (1:1). Стрелци на головите беа Додевски во 5 м. за Силекс и Платица во 45 м. за Петрокуб.
Екипата на Струга Трим Лум направи изненадување играјќи нерешено 1:1 (1:0) против тимот на Лиепаја од Летонија а стрелци на головите беа Додо во 31 м. за Лиепаја и Исени во 90 м. за Струга Трим Лум.
Единствената победа им припадна на играчите на Шкупи кои на домашен терен го победија тимот на Лапи од Косово со резултат 2:0 а стрелци на головите беа Марковски во 36 м. и Ратубуабе во 90 м. Европското искуство е ставено на кантар, веќе се направени првите фудбалски чекори и со доза на резервност можеме да очекуваме уште по по пoволни вести по реванш – натпреварите кои на програмате ќе бидат за една недела.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
п