Стефан Коцев од денес во дресот на штипска Брегалница

Извршниот Директор на ФК Брегалница Емил Тодев денес информираше за ново засилување во редовите на штипскиот прволигаш. Се работи за Стефан Коцев инаку „дете“ на Брегалница кој покрај во матичниот клуб настапуваше и за Силекс а имаше и интернационална кариера во Косово и во Грција. Со доаѓањето на Стефан Коцев се засилува квалитетот на самиот тим на Брегалница за кој веќе потпишаа Даниел Мојсов, Антонио Азиновиќ, Бобан Георгиев и Иван Минчев а до крајот на преодниот рок можни се и нови трансфери. Во текот на попладневните часови фудбалската експедиција на Брегалница се враќа од Пехчево, за да на 10 јули замине на подготовки во спортско-туристичкиот центар Златибор во Република Србија.

Драги Герасимов – Пушка