Од понеделник прва доза вакцина ќе се аплицира во Здравствениот дом во Штип без закажан термин

Од понеделник започнува тереснска вакцинација и во Штип и регионот, а воедно прва доза вакцина ќе се аплицира без закажан термин во здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Во салата Јордан Мијалкво до крајот на месец јули само ќе се ревакцинира.

„Вакцинацијата продолжува во салата, односно ревакцинација до крајот на месец јули. Сите пациенти кои примиле прва доза во салата Јордан Мијалков исто така ќе бидат ревакцинирани во овие простории. Вакцинацијата од понеделник продолжува и тоа во Здравствениот дом ќе биде без термин закажан од Министерството, туку ќе биде слободен влез за сите граѓани“ – кажа доктор Иле Постолов.

Во меѓувреме денеска во салата Јордан Мијалков во Штип се вршеше ревакцина со астра зенека, фајзер и синовак, а слободен влез беше за сите оние граѓани кои сакаат да примат прва доза вакцина синовак. Закажани термини за прва доза вакцина немаше.

„Денеска се одвива вакцинација и ревакцинација на населението во салата Јордан Мијалков. За денес имаме закажано 44 пациенти за ревакцина со Астра зенека, 66 пациенти за ревакцина со фајзер, и околу 300 пациенти за ревакцина со Синовак“ – додаде Постолов.

Од вакциналниот пункт во Штип истакнаа дека заинтересираност има до некој одреден степн, меѓутоа и денеска салата на мометиостануваше речиси празна. Има и доволно вакцини кои се достапни за граѓаните. Од Министерството за здравство посочуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата.

Лаура Стојанова М-Нет