Градот Торино ќе биде домакин на 8 група на ЛШ – жени во која се Јувентус, Каменица Саса, Ст, Полтен и Бешикташ

Тренерот на ЖФК „Каменица Саса“ Зоран Златковски не го криеше своето задоволство од двете мошне пријатни вести кои се однесуваат за македонскиот женски шампион. Првата официјална вест која доаѓа од седиштето на УЕФА е потврдата дека квалификацискиот турнир во рамките на ЛШ на Европа – жени ќе се одржи во организација на Јувентус во Торино. Во оваа 8 група се екипите на италијанскиот првак Јувентус, турскиот првак Бешикташ, австрискиот првак Ст. Полтен и македонскиот шампион Каменица Саса. Ждрепката сакаше на 18 Август да се сретнат Јувентус – Каменица Саса и Ст. Полтен – Бешикташ. На 21 август ќе играат победниците од овие натпревари како и поразените.

Втората пријатна вест која ни ја соопшти тренерот на Каменица Саса, Зоран Златковски е за новата фудбалерка во името на бугарската интернационалка Антонина Шопска која доаѓа од екипата на Пирин Лејдис од Благоевград а чија верност ќе трае една година. Деновиве се очекува да се реализира уште еден трансфер, но за подетални информации ќе објавиме после реализацијата и на овој трансфер. Како и да е ова се исклучитечно важни и вредни фудбалски моменти во кои една наша македонска екипа ќе се сретне со фудбалски гигант во името на Јувентус од Торино. Спортската редакција на Мнет ТВ им ја посакува сета среќа и фудбалско знаење на овој турнир кој секако е историски и со самиот пласман на Каменица Саса во ова елитно европско женско фудбалско друштво.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk