Втор викенд по ред енормно зголемена потрошувачката на вода во Штип

Втор викенд по ред во Општина Штип водата за пиење енормно се троши. Ако претходниот викенд се потрошија околу 350, 360 литри во секудна вода овој викенд се трошеше над 400 литри во секунда. Од ЈП „Исар“ во текот на вчерашниот ден на фејсбук профилот напишаа граѓаните водат за пиење да ја користат рационално.

„Почитувани сограѓани, поради енормно зголемување на потрошувачката на вода (350л/сек) Ве замолуваме истата да ја користите само за пиење и одржување на личната хигиена, наводнувањето на тревниците, бавчите … оставете го за утре.

Во моментот во филтер станицата влегуваат 250 л/сек, а излегуваат 350л/сек. Поради тоа постои опасност одредени повисоки реони да останат без водоснабдување.“ – стоеше на нивна фејсбук страница.

Во меѓувреме истото денеска го порача и директорот на претпријатието Здравко Коцев.

Инаку на есен Штип треба да се приклучи на хидросистемот Злетовица со што ќе се добива по 350 литри во секунда вода. До тогаш неопходно е рационално искористување на истата за да не се остане без неа.

Лаура Стојанова М-Нет