
И денес мала, но одбрана екипа на млади борачи настапи на турнир во Косово, овојпат во Качаник. Под раководство на тренерите Горан Стојанов и Мијалче Ананиев и во конкуренција на 73 борачи од Македонија, Албанија и Косово борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:


Кадети :
Во кат. до 45 кг. Стефан Стојков го освои првото место и златен медал,
Во кат. до 51 кг. Стојанче Стојков го освои второто место и сребрен медал,
Во кат. до 51 кг. Марија Цветанова го освои првото место и златен медал.
Колку за потсетување 14 млади борачи на Балканец вчера настапија на турнир во Призрен каде што освоија 6 златни, три сребрени и еден бронзен медал.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk