Младите борачи на „Балканец“од Штип освоија 6 златни, 3 сребрени и една бронзена медалја во Косово

Преку 130 борачи од Македонија, Косово и Албанија настапија на меѓународниот турнир во борење „Колоси“ кој се одржа во Призрен, Косово. Според информацијата од тренерот Мијалче Ананиев меѓу учесниците се најдоа и 14 млади борачи на Балканец кои прикажаа извонредни борби и се закитија со 10 медалји.

Вкупно шестмина освоија први места и златни медалји во своите категории и возрасти и тоа: Андреј Мишев, Дамјан Смилков, Андреј Трајчов, Јован Атанасов како и девојките Марија Цветанова и Анабела Данилова.

Честа да биде уште поголема стручното жири ја прогласи Марија Цветанова за најдобра техничарка на турнирот. Сребрени медалји во своите возрасни категории освоија: Дарио Ѓуров, Сефан Стојков и Стојанче Стојков, додека бронзен медал освои Јован Балабанов.Преостанатите борачи Матеј Стојков, Никола Гицев,Јован Стефанов и Филип Коцев не освоија трофеи, но прикажа допадливи борби. Боречката експедиција на Балканец ја предводеше Младен Рунчев со тренерите Горан Стојанов, Мијалче Ананиев и Ангел Стеванов.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk