Димковски: Жетвата на јачмен и продажбата на ориз засега се одвиваат без проблеми

Една недела како започна жетвата на јачменот, но заради временски услови кои ги имавме оваа пролет приносите на јачмен кај разни земјоделци се разни. Но, нема некој драстични проблеми се се одвива нормално, а така се очекува и да заврши истакна Заменик Министерот за земјоделие, вчера од Општина Чешиново Облешево, Трајан Димковски.

„Она од терен што движејќи се можам да видам се движат во зависност од регионите, четири четири ипол, но некаде има и три и помалку тони јачмен. Цената во моментот е накаде со ДДВ околу 11 денари на големо, но сепак самите земјоделци би требало да бидат заинтересирани како можат да ја продолжат продажбата на јачменот“ истакна Трајан Димковски, Заменик Министер за земјоделство.

Оризопроизводителите пак сеуште чуваат залихи од белото злато. Додека за едни проблем е цената на откуп и немањето каде да се продаде нивното производство, Димковски вели дека станува збор за стара традиција со која постојано се чуваат залихи со надеж за некоја подобра цена.

Димковски додаде дека парите кои се делеа по килограм  се зголемени и со овие трошоци и пазарната цена доволно се покрива, секако во зависност и од годината. Во Македонија има производство на ориз, има извоз но исто така има и увоз на бело злато.

Лаура Стојанова М-Нет