Повторно започна аплицирање на прва доза вакцина во вакциналниот пункт во Штип

Повторно започна процесот на вакцинација во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, со вакцината на „Фајзер“. Откако претходната недела завршија ревакцината со кинеската вакцина синофарм, денеска околу 500 граѓани седнаа на столче за вакцина. Како што истакнаа оговрните во процесот за вакцинација во салата Јордан Мијалков во Штип, вакцини има за денеска и утре, а за среда се очекува да пристигне нов контигент вакцини.

Во меѓувреме процесот на вакцинација во државата се одвива непречено информираат од Министерството за здравство. Министерот Филипче со апел до сите граѓани да се пријават на веб страната вакцинација.мк. Согласно намалениот број на новоинфицирани пациенти како и непречениот тек на имунизацијата донесена е предлог мерка за олабавување на рестриктивните мерки во државата.

Лаура Стојанова М-Нет