
По неколку дневни борби заврши тенискиот аматерски турнир „Штип Опен – 2021 на кого учествуваа 16 тенисери од Штип. Организаторот Зоран Илиев не го криеше задоволството од прикажаните борби на учесниците кои во главном се бивши спортисти и кои на ваков начин придонесуваат за заживување на спортот после пандемијата и за атрактивност на штипските спортски терени. Најавите на организаторот се дека ваквиот тип на турнири ќе се одржува три пати годишно со апел до сите оние кои го милуваат тенисот да се одважат и да припомогнат во организацијата на истиот.
Како највешти и најдобро „потковани “ во тенисот се докажаа и покажаа Стефан Штрков и Владимир Димитровски. Во неизвесниот финален меч првиот сет заврши со резултат 6:3 во вториот сет беше 3:6 за да во третиот Владимир Димитровски беде поуспешен и го добие со резултат 6:2 што значеше и конечен резултат 2:1. Со тоа Владимир Димитровски го освои првиот шампионски пехар на „Штип Опен 2021“ а Стефан Штрков го освои вице – шампионскиот пехар со желба и надеж наскоро да се дружат и на вториот тениски аматерски турнир овде во Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk