
Прилепските екипи Младост 96 и Младост се најдоа во финалето за екипен шампион на Македонија во Пинг – понг. Патот до финалето во Прилеп го истрасираа со победи во полуфиналните мечеви кои се одиграа во Скопје а во кои Младост 96 ја победи екипата на Нец Телеком со резултат 4:0 а тимот на Младост по голема борба ја победи екипата на Шампион ФА од Штип со резултат 4:3. Во финалето во Прилеп натпреварот Младост 96 – Младост заврши со резултат 4:1 во кои победи за Младост 96 остварија Стефан Костадиновиќ, две победи и по една победа остварија Петар Костовски и Кристијан Станојковски, додека пораз доживеа Андреј Лашкоски.Во составот на екипата на Младост 96 се Кристијан Станојковски од Крива Паланка со 10 титули шампион на Македонија во поединечна конкуренција, штипјанецот Петар Костовски со една шампионска поединечна титула, србскиот репрезентативец Стефан Костадиновиќ како и докажаните Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски а тренер на екипата е Гоце Тошески. Инаку ова е прва екипна шампионска титула во историјата на екипата на Младост 96 на радост и задоволство на нивните симпатизери.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk