Љубовта кон фолклорот и традицијата дел од секојдневието на младиот Бобан од Кочани

Љубовта кон македонскиот фолклор младиот Бобан Анакиев од Кочани ја негува и следи од мали години. Запишувајќи се во фолклорно друштво, учејќи се да свири на повеќе инструмети, 20 годишниот Бобан за себе денеска вели дека е продолжувач на македонската традиција и изработувач на народни инструменти.

„Од мал имав интерес за нашиот македонски фолклор и тргнав во фолклорно друштво. Таму научив многу ора и се запознав со традиционалните македонски инструменти. Почнав да свирам на најпрво на кавал, потоа на гајда, на тамбура и најдоцана на кемане“ вели Анакиев.

Анакиев знае на кој начин се изработуваат повеќе музички инструменти и вешто тој го прави тоа. Почнуваќји од гајда, па заинтересираноста кон тамбурата денеска тој изработува и кемане.

Малдиот Бобан веќе десет години е член во фолклорна група, а како инструмелист две години е член и во Група од изворен оркестар составена од четири члена и која има издадено цд со македонски традиционални песни од Осоговскиот крај.

Лаура Стојанова М-Нет