Коцев: Или рационално да се користи водата во Караорман или граѓаните ќе си добијат казна

За некои водата живот значи за други лукзус, пари и профит. На пример жителите од штипската приградска населба Караорман, во енормно големи количини трошат вода, колку за пиење и основни услови за живот уште повеќе за наводнување на нивните посеви и пластеници. Со други зборови кажано ја крадат водата. Другиот дел со поплаки дека немаат доволоно количество на вода. Надлежните од ЈП„Исар“ откако биле на терен установиле дека навистина во текот на денот се случува и по неколку пати да снема вода, но исто така откриле многу приклучувања на диво на водоводната мрежа.

„ Покрај тоа што луѓето ја користат водата за своите лични потреби ја користат водата и за наводнување на своите посеви, односно поставените оранжерии кои што со кражба ги наводнуват и од таму се јавува проблемот со водоснабдувањето особено во погорниое дел на населбата„ – кажа мЗдравко Коцев, директор на ЈП „Исар“.

Ваков проблем со кражба на вода не се појавува само во населба Караорман, сличен е проблемот и на Радански пат во Штип, но тие не трошат толку големи количини на вода.

Огромните се сметките на граѓани поединци кои не платиле редовно вода во Штип, но енормно големи се и кражбите на вода. Директорот на ЈП„Исар“ Здравко Коцев истакна дека ваквата злоупотреба на вода е казнива.

„Доколку се установи дека има кражба тоа е предвидено со член 235 каде е предвидено затвор од една до три години. Затоа и напоменувам на граѓаните на приградската населба Караорман да поведат сметка, да си ги платат своите заостанати долгови, кои што се не мали некаде нивните долгови се над милион денари.“ – кажа Коцев.

Во штипската приградска населба Караорамн се трошат околу 500 до 550 метри кубни вода дневно. Поголеми потрошувачи на вода се приватните лица, но поголеми неплаќачи се физичките лица, истакна Коцев.

Лаура Стојанова М-Нет