
Почина 78 годишен пациент од Општина Чешиново – Облешево кој беше заразен со западно нилска треска. Согласно податоците на Институтот за јавно здравје, првичните симптоми кај пациентот започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Прво се обратила до кочанската општа болница, од каде бил препратен во КБ Штип, па во Инфективната клиника во Скопје. Директорот, Фадил Цана, посочи дека само еден процент од пациентите заразени со западно нилска треска може да развијат невролошки манифестации.
„На прием пациентот бил фербрилен, малаксан, со пореметена свест, агресиван. Кај пациентот е констатирано дека се работи за воспалени на мозок, примен е на клиника, а од ИЗЈ е потврдено присуство на западно нилска треска.“ – вели Цана.
Пациентот не патувал надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Според податоците на Институтот за јавно здравје нема други лица од семејството со слични симптоми.
„Пациентот беше во тешка состојба и кај пациентот после шест дена од приемот настапи смртен исход“ – додава Цана.
Годинава има четири регистрирани случаи на западно нилска треска. Првиот регистриран случај беше во април годинава, а последниот во септември. Двајца од заразените се од кочанскиот регион.
Лаура Стојанова М-Нет