
Зголемен бројот на новопримени пациенти во кочанската болница. Имено шест нови пациенти имаат потреба од болничко лекување и се хоспиталиизрани на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Со тоа моментало таму се хоспиталиизрани 11 пациенти од кои шест се вакцинирани, а пет се на кислородна поддршка. Во последните 24 часа испишан е само еден пациент, а слободни се 16 кревети. Нема регистрирано починати лица, информираат од болницата.
Во штипската блница хоспитализирани се 50 ковид пациенти, 45 во модуларната ковид болница и пет на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во последното деноноќие новопримен е еден пациент, а исто еден е испишан. Од хоспитализираните 35 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се само четири пациенти. Нема починати лица, слободни се две места во модуларната болница и шест на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820 бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.
Лаура Стојанова М-Нет