39-ти „Марш на ангелите“ oваа сабота во Кочани, започнува во 16:05 ч.

Додека стрелките на часовникот се поместуваат напред и започнува летното сметање на времето, за родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани — времето останува исто.

И оваа сабота ќе се одржи 39-тиот „Марш за ангелите“, со почеток во 16 часот и 5 минути, каде родителите и блиските повторно ќе побараат правда за своите деца.

Тие бараат целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти што, овозможиле дискотеката да функционира спротивно на безбедносните прописи.

Од здружението „16 март 2025 Кочани“ велат дека трагедијата во „Пулс“ останува силна опомена за институциите и за потребата од доследно почитување на безбедносните стандарди.

„Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои. За некого ова е почеток на пролет, на движење, на живот, на планови. За нас — продолжение на тишината што не поминува. Надвор има повеќе светлина. Во нас — истата темнина.Но веруваме…дека оваа светлина нема да биде само во денот, туку и во вистината. Дека пролетта нема да донесе само топлина, туку и правда. Дека конечно ќе се симне мракотшто веќе цела година демнее над Кочани.

Бараме целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти кои дозволиле дискотеката да работи спротивно на безбедносните прописи. Трагедијата во „Пулс“ Кочани останува силна порака за потребата од строга примена на безбедносните стандарди во јавните објекти и одговорно постапување на институциите.“, стои во соопштението за здружението 16 март 2025 Кочани

Инаку, минатата недела се одржа годишнината од големата и страшна трагедија во Кочани, во која 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. Со тридневна програма беше одбележана истата, а стотици граѓани дојдоа за подршка.

Иван Митев, М-Нет