
3548 ученици годинава ќе започнат со основно образование во петте основни општински училишта во Штип, за 336 од нив училишното ѕвонче ќе заѕвони првпат, а 2021 ученик го започнуваат средното образование, од кои во прва година 508 ученика. Вкупниот број на ученици и од оснвоните и од средните училишта изнесува 5569 ученика, изјави на денешната прес-конференција ракодителката на сектор образование и јавни дејности Снежана Санева.
,,Во основното образование годинава ќе запопчнат со образование вкупно 3548 ученици од 1-9 одд во пеете основни општински училишта, а вкупниот број првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика,додека што се однесува до средните училишта треба да кажеме дека образованието го започнуваат 2021 ученик, од кои во прва година ќе се запишат 508 ученика или вкупниот број ученика кои ќе го започнат основното и средното во учебната 2026/27 година изнесува 5569 ученици“, изјави Санева
Бројот на ученици во основните и средните училишта во Штип годинава повторно бележи намалување, но разликата во однос на минатата година е помала. Раковителката Санева истакна дека состојбата се следи преку анализи, а најрелевантен показател се податоците од основното образование, бидејќи учениците најчесто се запишуваат во училиштата во општината.
,,Сите училишта се подготвени како сновни така и средни, за одвивање на наставата во нормални услови. Секако како на ниво на држава , така и во Општина Штип имаме одредено намалување на бројот на ученици коишто се запишуваат во основното образование исто така и на средното образование. Меѓутоа, ако направиме компарација, ќе видеме дека тој број годинава е малку помал од претходната година, помала е разликата од минатата година до сега, отколку претходните години. Oва се однесува за основното образование, таму ги правиме анализите, секако правиме анализи и во средно образование, меѓутоа средното сепчак е можност на учениците да се запишат и во други училичшта и во други градови и тоа не е некој показател за присутни ученици во државата, а во основното образование учениците се запишуваат во општината и тоа ни е некој показател за вкупниот број ученици коишто се во моментов во општината“, соопшти Санева
Инаку, основните и средните училишта се подготвени за работа.
Ева Тушевска, М-Нет