34 социјални семејства ќе го решат станбениот проблем со изградба на социјална зграда во Кочани

Неоддамна започна да се гради социјалната зграда во Кочани во која по нејзиното завршување 34 ранливи семејства ќе добијат кров на глава и топол дом. Увид во градежните активности во Кочани денеска изврши и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Се работи за зграда со 34 стана, наменети за социјално ранливи категории на граѓани, инвестиција вредна од околу еден милион евра. Со изградбата на оваа зграда 34 социјално загрозени, ранливи семејства, наши сограѓани, пријатели од Општина Кочани ќе можат да го решат своето станбено прашање, што е пример како оваа Влада активно работи на социјалната и санбена заштита на ранливите категории на граѓани„ – истакна Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски.

Грижата кон социјално ранливи лица е од големо значење, а со изградбата на оваа социјална зграда во Општина Кочани и тие ќе имаат можност да си го решат станбениот проблем, истакна градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

За 18 месеци се очекува оваа зграда да биде завршена.

Во меѓувреме започната е изградбата на социјални згради  во Пехчево, за социјалната ззграда во Штип се доставени сите проектни документации и во август се очекува да започне постапката за избор на изведувач. Социјалните станбени згради се привршуваат во Пробиштип и Виница, а целосно завршена е изградбата на социјалната зграда во Свети Николе.

Лаура Стојанова М-Нет