
Италијанскиот Алијанц Милано однесе уште една убедлива победа на реваншот од 3:0 во сетови над македонскиот вицешампион Штип УГД, кој со овој пораз е елиминиран од Целинџ купот на ЦЕВ.
Штипјани немаа капацитет за пресилниот Милано кој со 25-18, 25-19 и 25-17 беа поразени во Италија.
Штип УГД и на првиот меч во Радовиш загуби од 3:0 во големиот италијански фаворит и со тоа ги заврши настапите во Европа.
Претходно, Штип ГД на реваншот со „златен сет“ го доби норвешкиот Кол Ил и така закажа соочување со италијанскиот Милан кој се покажа како преголем залак за штипјани.
Штипјани сега се насочуваат кон домашните обврски, одбрана на Куп титулата и атак на шампионската титула.
Александар Ванев, М-Нет