Штипјанец со автомобил удрил во четири паркирани возила

На 29.06.2020 година во СВР Штип било пријавено дека во 04.20 часот на ул. “Маршал Тито“ во непосредна близина на црквата „Св. Никола“ во Штип, Н.Р.(24) од Штип управувајќи патничко моторно „форд фусион“ удрил во четири паркирани патнички автомобили. Во незгодата со повреди се здобиле возачот и сопатникот Н.Е.(22) од Штип кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.