
Штипјанецот Виктор Пешчеров, кој долги години живее и настапува во Норвешка, ќе свири на Балкан концерт во Валенсија, Шпанија. Тој свири гитара и пред Норвежаните ја претставува македонската култура и музика, преку концерти на кои не остануваат рамнодушни.
Mузичкиот пат го започнува од својата седма година, заедно со својот татко, продолжува да учи во Музичкото училиште во Штип и таму, а и за време на студиите, освојува бројни интернационални награди на натпревари. Во Македонија активен бил и со солистички концерти.
Норвежани го знаат под уметничкото име Виктор де Рут. Пред две години тој почнал проект со свои аранжмани на македонски песни за соло гитара.
Концертот во Валенсија ќе се одржи на 1 јули, од 18:00 часот, и истиот е доста најавуван во Валенсија, бидејќи е мешавина од наши ритмови со фламенко елементи, која е традиционална шпанска музика.