
Согласно мерките за заштита од ширење на коронавирусот, денес за прв пат после неколку децении, изостана раздвиженоста на градскиот пазар во Штип. Вака ќе биде се додека не се надмине опасноста од ширење на вирусот, односно додека живееме во период на пандемија. Целосно испразнетиот пазар денес беше темелно исчистен и дезинфициран од страна на надлежните служби.

Од ЈП Исар информираат дека пазарот е отворен за трговија секој ден, снабдувањето на граѓаните со храна ќе се одвива нормално, само што извесен период петоците нема да се денови на најголема понуда на производи.

Освен производителите денес на градскиот пазар не работеа ниту продавниците за млечни производи и јајца.

