Целиот живот од раѓањето до смртта на Тоше Проески прикажани во филмот „Једини“

Ѕвездено небо, ноќ на емоции, концертот за Тоше Проески го наполни дворот на штипскиот Дом на млади. Публиката имаше можност да го погледне и филмот „Једини“ посветен на големата музиќка ѕвезда. Режисерката на филмот, Катерина Миловановиќ вели дека минатата година се поклопиле коцките и започнале со реалзиација на идејата за содвање на филмот за Тоше Проески.

„Морам да кажам дека ова многу долго ни лежи на душа, на редакцијата, мене и некако имавме желба да направиме филм за него оти сите знаеме кој беше Тоше. Минатата година коцките се поклопија, дојдовме во Македонија и тука останавме околу еден недела. Луѓето ни веруваа, сакаа да зборуваат за Тоше, како да им лежело на душа да кажат нешто за Тоше, каков бил. Она што ми е многу мило е што дојдовме до видео снимки и слики кои првпат беа покажани и тоа баш на нас. Сите убаво не дочекаа и имаа желба да зборуваат за Тоше.“ – вели Миловановиќ.

Целиот живот, од раѓањето до неговата смрт се е раскажано во филмот „Једини“. Другарите на Тоше раскажуваат за нивните детски денови, времето поминато заедно, моменти од училишните клупи.

„Во овој филм може да се види буквално се за Тоше, неговата хуманитарна работа, како тој се однесувал во текот на неговиот живот. Неговите другари од Крушево кои биле со него од мали, кои оделе со него во училиште, прераскажан е целиот негов живот од раѓањето до смртта.“ – додава Миловановиќ.

Присутните во штипскиот Дом на млади велат дека пораснале со песните на легендарниот Тоше, го слушаат додека патуваат, додека шетаат. Недостасува музичка ѕвезда како Тоше на македонската сцена.

Вчера се одржа трибјут концерт за Тоше Проески, настапија голем број значајни македонски музички имиња, се прикажа филмот Једини, а имаше и целодневна крводарителска акција.

Лаура Стојанова М-Нет