
Растат и цените на угостителските услуги. Во јануари оваа година излегувањето во кафеана или на кафе било за 0.2% поскапо во споредба со претходниот месец. Најголемо зголемување на цените во угостителските објекти имало кај храната, за 0,3%, а додека само за алкохолна пијачка се плаќало поскапо за 0.2%.
Ако се направи споредба на цените во угостителските објекти во јануари оваа година и во јануари претходната година, цените се зголемени за 3,4%.
Согласно податоците на Државниот завод за статистика во 2024 година за 4,8% било поевтино да се руча во кафеана за разлика од претходната 2025 година.
Анкетираните граѓани на терен во Штип согласни дека цените во кафеаните се повисоки, и најголем дел од нив велат дека поретко си дозволуваат да седнат на ручек, почесто си дозволуваат кафе во угостителски објект.
Согласно податоците на Државниот завод за статистика во групите Безалкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени на цените.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет