
Првославната црква денеска празнува ден посветен на Свети Архангел Михаил. Пред да го создаде материјалниот свет, Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела. Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Пораки за борба против злото со вера во Бог и многу здравје, среќа и убавини си посакаа и штипјани кои ја посетија црквата која е посветена на Архангел Михаил.
Свети архангел Михаил го победил отпаднатиот ангел, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што на фреските и иконите е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете. Главниот празник на Св. Архангел Михаил се вика Собор на свети архангел Михаил. Тој е меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.
Ребека Спасова М-Нет