
За неколку месеци треба да започне реализацијата за реставрација на тврдината Исар во Штип. Предвидено е ова место да биде вистинско спомен обележје на Штип. Ќе се работи на изградба на ѕидините во автентичен стил, дополнително ќе се изградат три куполи, а просторот ќе биде целосно осветлен и многу подостапен за граѓаните, но и за посетителите од страна.
„Тврдината Исар е исто така завршен проект кој за неколку месеци од сега ќе започне да се реалзиира. Имајќи во предвид дека имаше потреба да се извадат сите конзерваторски одобренија затоа што е заштитено, е проект кој предвидува реставрација, конзервација, изградба на ѕидините во форма во која ќе се запази тој автентичен изглед со три куполи и со целосно осветлување на тврдината Исар.“ – вели Јорданов.
По примерот на Скопско Кале и охридската тврдина ќе се работи и на додавање вредност на штипски Исар. На таков начин ќе се заштити културното и историско наследство кое Штип го има, вели Јорданов.
Тоа е проект кој верувам дека ќе додаде вредност во нашиот град од повеќе аспекти. Ние го иамме како еден симбол на градот, но некако Исарот не е достапен, немаме содржина. По примерот на Скопско Кале и охридската тврдина, ова е еден таков обид да се додаде вредност во нашиот град, заштитувајќи го тоа историско, културно наследство кое го имаме како град“ – додава Јорданов.
Инаку, на 22 март секоја година на празникот „Свети 40 маченици“, голем број граѓани масовно се качуваат на Исарот со обичаи кои се негуваат многу оддамна. За Четрсе сите патишта во Штип водат кон тврдината Исар.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет