Пораз на Шкендија од Рајо Ваљекано

фото: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0.

На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.

Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.

Овој резултат остана до крајот на натпреварот, најмногу поради голманот на Шкендија, Геје, кој во вториот дел имаше неколку изворедни интервенции.

Текстот Пораз на Шкендија од Рајо Ваљекано е превземен од МАКФАКС.