
Македонските второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари, за темпирање на формата пред стартот кој е закажан за 23 август.
Во Виница се одигра пријателски меч кој заврши без победник, но и без погодоци, чисти мрежи (0:0) на Слога и Кожуф.
Овој меч послужи за Емил Грнев и Иван Варадиновски да ја проверат формата и како оди подигање на истата.
Во Неготино се одигра пријателски меч каде екипата на Осогово со двата гола на Владимир Жоглев триумфираше над Вардар Неготино со 0:2.
Првиот гол Жоглев го постигна во првото полувреме, а потоа стрелаше и во втoрото полувреме за конечни 0:2.
Осогово составува одличен тим за новата сезона, а има и одлична игра која ја прикажува на пријателските натпревари.
Беласица беше подобар на тестот во Радовиш со Детонит Плачковица, откако истиот го доби со резултат од 1:2.
За радовишани ова беше првиот тест за овие летни подготовки, а на полувреме Детонит Плачковица имаше водство од 1:0 со голот на Стефан Бабунски.
Во второто полувреме екипата на Беласица направи комплетен пресврт откако Александар Коцев во 54. минута погоди за 1:1, а потоа Александар Милушев во 80. минута постигна гол за конечни 1:2.
Александар Ванев, М-Нет