Од денеска задолжително поседување зимска опрема во возилата

Од денеска стапува на сила одлуката за поседување зимска опрема во возилата. Со цел почитување на одлуката, но и заштита на возачите МВР и РСБСП спроведоа активности од зимската кампања за укажување на важноста од поседување на зимска опрема, под мотото Вози безбедно, користи зимска опрема.

Во периодот од 15 ноември до 15 март наредната година возачите треба да ја поседуваат зимската опрема во нивните возила, бидејќи коловозите се влажни, има магла со што се намалува видливоста по патиштата.

“Задолжителни обврски за задолжително поседување на зимска опрема која почнува од 15 ноември, а трае до 15 март наредната година. Овој период коловозите се влажни, има магла, а со тоа се намалува видливоста за возачите“ – кажа Кожуваровска.

Зимската опрема се состои од пневматици со соодветна длабочина на шарите во зависонос од типот на возилата. За возила со најголема маса која не надминува 3,500 килограми длабочината треба да биде 4 милиметри, за сите останати 6 милиметри.

Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

За непочитување на обврската пропишан е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Од денеска па се до 15 март следата година за возачите е задолжително во возилата да ностат зимска опрема, информира АМСМ.

Лаура Стојанова М-Нет