Нови 145 заболени од КОВИД 19

Од 1772 тестирања направени во последните 24 часа, регистрирани се нови 145 случаи на КОВИД 19.

Во Штип има осум нови случаи, а излекувани десет.

Скопје се`уште е на прво место со 32 нови случаи, но со 55 оздравени лица.

Во Куманово има 15 новозаболени, а 31 оздравени лица, додека на третото место се наоѓа Гостивар, со 12 новозаболени од КОВИД 19 и 39 излекувани.

Потоа следуваат Тетово со девед, веќе спомнатиот Штип со осум новозаболени. По осум нови пациенти има и во Прилеп и Делчево, шест во Кичево, по пет во Дебар и Пехчево, во Битола, Охрид и Свети Николе имаат по четири новозаболени лица. Во Кочани има тројца заболени, во Велес, Крива Паланка, Пробиштип и Виница по двајца, а по еден новозаболен има во Гевгелија, Берово и Неготино.

Починати се двајца пациенти од Дебар и Струга, со што бројот на вкупно починати во државата изнесува 606 лица, а оздравени 216 пациенти, односно вкупно 11741 лице.

Бројот на активни случаи со КОВИД 19 во моментот во државата изнесува 2253.