
Нема еконосмка логика во високите цени на становите – кажа од Штип денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николовски. Токму овде лежи проблемот што младите не можат да си купат куќа или стан. Но, како што посочи тој по завршување на Локалните избори ќе се работи на намалување на цените на становите, а со тоа и поддршка на младите да си обезбедат живеалиште.
„Цените на становите во неколку урбани центри вклучувајќи го и Штип некако наеднаш отидоа горе. Нема економска логика во тоа што се случи. Јас познавам многу кои продаваат, а малку кои купиле по таа цена и тоа е неодржливо, мора да се „спуштаат“ цените, бидејќи реално високи се. Секако ние овде се обидуваме да помогнеме. Најголем фокус е кон младите затоа на нив им треба живеалиште. И во таа насока е поддршката“ – вели Николовски.
Дополнително, се работи на изградба на брана на река Отиња, инфраструктурни проекти, уредување на бања Кежовица и слично. Николовски истакна дека плановите за Штип се големи.
„Интезивно се работи браната Отиња, но и на целосна урбанизација околу браната. Мислам дека што е Мавровското езеро за Западна Македонија, треба да стане браната Отиња за Источна Македонија.“ – додава Николовски.
Се работи и на проекти како реконструкција на улции и патишта, капитални проекти и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет