
Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право и е неопходно истиот да се користи. Според законот за работни односи, ланскиот одмор е потребно да се искористи до 30 јуни и е законска обврска за секој вработен. Но, колку законите се практикуваат во реланоста, дозволуаваат ли работодавачите искористување на целиот одмор на вработените? Според анкетата на граѓани во Штип, тие велат дека имаат се уште лански одмор и дека истиот ќе го искористат до крајот на месецот.
„Не, не сме го искористеле, но ќе го искористеме“
“Ланскиот одмор не ми е искористен и ќе го искористам во средината на месецот“
Граѓаните за М-нет тв, додаваат дека покрај стариот одмор, во новиот некој ќе имаат можност да
патуваат надвор од границите на државата, а други пак ќе го искористат во есенскиот период за да си ги завршат домашните обврски.
“Некаде тука на почетокот околу Солун“
“Новиот, не користам јас летно време одмор, бидејќи имам проблем со сонцето. По касно го користам во Ноември“
“За работа, за домашна средина“
“Па кој како, некој се задолжуваат, некој не сака да се задолжи и така“
Согласно Законот вработените ги следува најмалку 20 дена годишен одмор, или максимално 26 дена. Во обзир се зема и стажот на вработениот.
Лаура Стојанова, М-Нет