
СВР Штип регистрира неколку физички напади на територија на Штип во новогодишниот ден:
На 31.12.2025 во 23:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.Ч.(50) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2025 во 18:41 часот во СВР Штип, Л.Н.(27) од Штип пријави дека на 31.12.2025 околу 16:40 часот во семејниот дом бил физички нападнат од Р.Ч.(50) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.01.2026 во 04:24 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 04:20 часот пред трговски центар во Штип, А.Г.(19) бил физички нападнат од Ф.Н.(24), двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.