
Занаети кои полека изумираат, но сѐ уште се парктикуваат и негуваат од повозрасните граѓани. Рачната изработка на волнени чорапи, шалови,и други разни рачни изработки можеа денеска да се забележат на плоштадот Слобода во Штип, во склоп на саемот на социјални претпријатија. Госпоѓа Љубинка Механџиска од беровско Русиново, вели плете уште од најрана возраст, го сака тоа што го работи, но младите малку се интересираат.
„Занимава се со изработка на традиционални изработки на рачен разбој, ткаење, плетење на рака. Странците повеќе купуваат, нашитр не толку. “
Саемот на социјални претпријатија е од регионален карактер и се одржува втора година по ред. Целата е да се даде поддршка на социјалните претпријатија, а денешниот саемски ден е проширен со оддржување и на две работлиници.
„Едната е за искористување на можноста за спороведување на резервирани договори која ја нуди Законот за јавни набавки, а втората работилница ќе биде за маркетинг и промоција на овие наши идни социјални претпријатија. Во изминатиот период дадовме поддршка заедно со сите вклучени страни“ – кажа Ангелова
Со вакви проекти има голема можност претпријатијата да ги вработатат луѓето истакна експерт на социјалното претприемништво Барбара Садовска. Таа вели и покрај разликите меѓу Македонија и Полска сепак постојат

„Па да, сепак Полска како држава и социјалните претпријатија во Полска се во некоја понапредна фаза бидејќи ние започнавме со ова пред 15 години. Полските социјални претпријатија веќе имаат големо искуство, имаме воспоставена и законска легистатива која овозможува да се спорведува работата. Шансата за врежување на македонските и полски претпријатија ја гледам искористување на средствата од ЕУ преку Еразмус прокетите, така штоможе да се направат студиски посети“ – кажа Садовска.
На денешниот саем се преставија 15 социјални здруженија од регионот кои беа од различен домен.
Лаура Стојанова М-Нет