Минимална победа на Шкендија Арачиново над Беласица

Екипата на Шкендија Арачиново го доби дербито против Беласица, со што беше затворена седмата рунда од Втората македонска фудбалска лига. Тимот од Арачиново славеше на гостински терен во Струмица со минимални 0-1.

Стрелец на единствениот и победнички погодок беше Еркан Шаип, чиј гол во целост ги одлучи бодовите на овој возбудлив дуел под рефлектори.

Со оваа победа, Шкендија Арачиново се израмни со Брегалница на врвот од табелата, двете екипи сега имаат по 17 бодови.

Алекснадар Ванев, М-Нет