
Фудбалскиот клуб БВК Коњаре, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Север, официјално го потврди враќањето на Кристијан Ристовски во своите редови, фудбалер кој и претходно го носеше клупскиот дрес и одлично ја познава средината.
Од клубот симболично порачаа дека некои заминувања не значат збогување, туку ново видување, а токму таков е и случајот со Ристовски, кој повторно ќе биде дел од екипата во продолжението од сезоната. Неговото враќање се оценува како значајно засилување, особено поради искуството и запознаеноста со клупската филозофија.
Раководството и стручниот штаб на БВК Коњаре веруваат дека Ристовски брзо ќе се вклопи во тимот и ќе даде важен придонес во натпреварите што следуваат, со што ќе се зацврсти конкуренцијата во ростерот и ќе се зголеми квалитетот на играта, за остварување на целта – Втора лига.